неделя, 8 ноември 2015 г.

ВОЈНАТА НА ЕЖОВИТЕ


Чудна е улогата на учителот во очите на децата. Штом некои од нив разбраа дека сум објавила книга, ми открија, дека веќе си ја купиле. Им реков оти можам да им дадам автограм, но тие ме загледаа зачудено: “Зошто ни е автограм, кога имаме толку многу ваши потписи во бележниците...” Едвај тогаш ми стана јасно дека дури и да добие Нобелова награда – учителот нема изгледи да стане ѕвезда... тие собираа автограми од актерите кои што играа во сериалите. Цели тетратки со автограми и желби кои ми ги покажуваа меѓу часовите.
Ги придружував во театар за да се фотографираат со актерите по претставите. Мирно им ги дочекував родителите за да си ги приберат малолетните рожби.
Не сум ни помислила, но можеби, автограмите кои што им ги ставав во нивните бележници... исто така имаа некакво значење, некаква биографија, која во тој период од животот си ја испишував со крв и пот.
  
  превел од бугарски: Зоран Јакимоски
                                                                                          

Няма коментари: