сряда, 28 октомври 2015 г.

Фрагменти в превод на македонски

/никой не е пророк в собствената си страна/


ПОСЛЕДНИ ФРАГМЕНТИ

Зборовите се претопуваат во снопови од луминисцентна светлина. Само едно вртење и изговореното станува дел од пророштвото, од онаа предопределеност која што ни го изговара животот.

Талентот е гол полжав без непоколебливата корупка на карактерот.

Споменот за Охрид се претвора во разгледница на фонот на динамичниот пејзаж на до болка рутинизираното секојдневие.

Истекувам низ цедилка. Низ решетото на животот.

Вечно да патувам – така се “проколнувам” на туѓоземно скитништво.

Нема случајност во среќавањата, животот ни е прецизна сложувалка која што n# заковува на вечната предодреденост.

И сега како баронот да се влечам за косата, додека другите раце ме скубат.

Да стискам заби – тоа е дел од упорноста. Како кртица на темно.
Додека мрдам – се надевам.

Ајде да видам колку сила сега ми е потребна, за да му оддолеам на инстинк-
тот а се фрлам од високата зграда од спротива.

Мојот живот во една реченица: борба за Универзитет.

Интересно е да прескокнуваш препреки по патот, по кој останатите не наидуваат ни на камче.

Ми недостига тишината, неизговорениот свет, занесот од четивата, молкот во
библиотеката.

Ултиматумот на борбата – со оптегнати тетиви и илјадници поминати стартови. Едно финале недостига.

Оној што ќе го понесе тоа што јас го носам – да си го извикне гласно своето име!

Да не се привикнуваш на апсурдот, туку да го сфатиш како предизвик наспроти “нормата”, која исто така се укажува како нешто спротивно на очекувањето кое што е диктирано од длабоко лични побуди.


превел од бугарски: Зоран Јакимоски

Няма коментари: